Главна тема на средбата на лидерите на ПЕС беше предложениот план за социо-економско закрепнување на ЕУ во време на COVID-19 кризата како и седумгодишниот Буџет на ЕУ кои треба да бидат усвоени во наредниот период.
Заменик-претседателката Шекеринска се заблагодари за финансиската помош на ЕУ за Западен Балкан и Северна Македонија во време на кризата и истакна дека тоа е уште еден доказ дека заедничките предизвици најдобро ги надминуваме заедно и дека европската солидарност останува една од најважните вредности кои и конкретно се покажуваат на дело.
Исто така, Шекеринска изрази благодарност за големата и искрена поддршка која политичкото семејство на европските Социјалисти ја дава на СДСМ за убедлива победа на изборите на 15 јули и зацврстување на вистинскиот курс на нашата држава кон членство во ЕУ, економски напредок и грижа за сите граѓани подеднакво.
Заменик-претседателката на СДСМ истакна дека Северна Македонија со нетрпение ја очекува преговарачката рамка со ЕУ што поскоро и формално започнување на преговорите со ЕУ до крајот на 2020 година што ќе донесе нов циклус на реформи, напредок и развој на нашата држава и нашата економија.