Шер објави фотографија со својата 94-годишна мајка

Американската актерка и пејачка Шер (74) воодушеви многумина обожаватели кога објави фотографија со нејзината мајка, пензионираната кантавторка и поранешна манекенка Џорџија Холт (94).

Под фотографијата стоеја низа коментари  дека двете изгледаат помлади отколку што се.

„Така се прави ботокс“ е еден од коментарите. Фановите на пејачката напишаа дека би сакале да изгледаат како нив.

„Се гледа дека тие внимаваат на нивниот изглед, не е сè во ботоксот“, додадоа обожавателите.

Шер никогаш не криела дека се подложила на естетски корекции. На почетокот на нејзината кариер имала операција на носот и градите, а подоцна го затегнала вишокот на кожа на очните капаци, направила лифтинг на веѓите и лицето, била на липосукција и е редовна на „ботоксирање“.

Благодарение на ботоксот го одржува младешкиот изглед, а нагласени јаготки постигнува со полнила. Тоа го користи и нејзината мајка Џорџија, бидејќи на 94-годишна возраст изгледа многу помлада.

Треба да знаете
Последни објави