Гвардиола: Белците мора да се извинат за начинот на кој се однесуваа со црните луѓе 400 години

Тренерот на англискиот сеуште актуелен фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по триумфот над Арсенал во 28-то коло од шампионатот на Англија (3-0), изрази поддршка за движењето „Црните животи се важни”.

– Белците треба да се извинат за тоа како се однесуваа со црните луѓе 400 години. Се срамам. Мораме да испратиме милиони пораки до црнците. Мене ми е срамам од тоа што го направиле белите луѓе. Како луѓето можат да мислат дека се различни? Сите гестови се добри и позитивни. Сè што можеме да сториме е да ја подигнеме свеста, дека таквото однесување е неприфатливо. Мораме да направиме многу работи кои досега не сме ги сториле за луѓето со темна боја на кожата, изјави Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави