Дури 21 милион луѓе во карантин во Пекинг поради вториот бран на инфекција со коронавирус

Официјален Пекинг ги користи телефонските податоци на повеќе од 355.000 луѓе за да ги пронајде и да ги собере да бидат тестирани за коронавирус, како дел од борбата против вториот бран на инфекција.

Новинарот кој работи за „Асошиејтед прес“, Марк Шифелбејн, откри дека властите го повикале затоа што бил на пазарот во Синфади, од каде што започнал новиот бран на заразени со коронавирус. Тој објасни дека еден службеник го повикал и му рекол дека некој со неговиот телефонски број бил во близина на пазарот на големо.

„Мислам дека ме следеа преку телефон. Ми рекоа дека треба да се пријавам на портата на стадионот во близина за да направам тест за коронавирус“, рече Шифелбејн.

„Претставник на Пекинг изјави дека 355.000 луѓе биле идентификувани зa да бидат тестирани за коронавирус, но не откриле како ги добиле тие информации“, напиша тој.

Според странските медиуми, 21 милион граѓани се во карантин како дел од мерките на кинеските власти за да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Главниот град на Кина се соочува со ново избувнување на коронавирус, бидејќи бројот на заразени лица во Пекинг се зголеми во претходните денови, пренесува „Дејли меил“.

На жителите на Пекинг им било советувано да не го напуштат градот, бидејќи коронавирусот се раширил во уште четири провинции. Исто така, илјадници летови беа откажани на аеродромот во главниот град, а дежурните служби беа ставени на втор степен на подготвеност.

Треба да знаете
Последни објави