Првиот и поранешен претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбајев се зарази со коронавирус и се наоѓа во самоизолација.
„ Елбаси ( татко на нацијата) е позитивен на коронавирус. Нема причина за загриженост. Назарбајев ќе продолжи да работи од дома“ објавено на неговиот сајт, пренесе ТАС С.
Во Казахстан досега од коронавирус заболеа 15.877 луѓе, додека 100 починаа.