Реагирајќи на повторната појава коронавирусот во Пекинг, Централната комисија за дисциплинска инспекција на Комунистичката партија на Кина денеска соопшти дека итно треба да се реши прашањето за ниските хигиенски стандарди на големопродажните пазари за храна во Кина и слабостите во синџирот на снабдување со храна.
Вирусот повторно се појави минатата недела на огромен пазар за храна во Пекинг, и до сега се заразени повеќе од 100 луѓе, а постои и страв од понатамошно ширење на заразата.
Нивото на санитарните стандарди мора итно да се подобри, а здравствениот ризик на пазарите да се намали на минимум, соопшти комисијата, додавајќи дека новата состојба во исто време е и одраз на управувањето кое на пазарите е на пониско ниво.