Кривична за гостиварец: Фекалиите од неговата зграда ги испуштал на улица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против И.Ј. (50) од  с.Ростуше – Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.

Во временскиот период од 20.12.2019 до 17.03.2020 на ул.„250“ во Гостивар, во населбата ,,7 ма зона“, пријавениот на улица ги испуштал фекалиите од одводната цевка од станбена зграда која била во негова сопственост и на тој начин го загрозил здравјето на жителите кои живееле во непосредна близина на неговата зграда.

Треба да знаете
Последни објави