Министрите за одбрана на НАТО разговараа за Русија, Авганистан и Ирак

Министрите за одбрана на НАТО одржаа видео конференција на која донесоа одлуки за зајакнување на одбраната и одговорот на Алијансата.

Како одговор на растечкиот арсенал на нуклеарни ракети на Русија, сојузниците се согласија за избалансиран пакет на политички и воени мерки, вклучително и засилување на воздушната и ракетна одбрана, напредните конвенционални можности, разузнавањето и воените вежби. Тие исто така се договорија и за чекорите што треба да се преземат со цел нуклеарниот одговор на НАТО да се одржи безбеден и ефикасен.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг после средбата одржа прес конференција на која ја истакна посветеноста на Алијансата за контрола на оружјето.

– Ќе го одржиме нашиот одговор и одбрана, но нема да ја копираме Русија. Немаме намера да распоредиме нови копнени нуклеарни проектили во Европа, рече тој.

Министрите за одбрана се осврнаа и на мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак, кои играат клучна улога во борбата против меѓународниот тероризам.

Треба да знаете
Последни објави