МојДДВ им врати 10,7 милиони евра на граѓаните, концептот парите назад кај граѓаните СДСМ ќе го реализира и по победата на 15 јули

СДСМ како одговорна партија на власт изгради концепт за враќање на парите назад на граѓаните, којшто се реализира преку повеќе мерки и проекти.

Една од мерките е и поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, односно МојДДВ преку која од стартот во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.
Од самиот почеток мерката МојДДВ покажа дека ги оправдува целите за кои е наменета. Парите назад кај граѓаните и намалување на сивата економија.

Повратот на ДДВ кај граѓаните, од тримесечје во тримесечје е повисок и директно влијае на сузбивањето на неформалната економија. За периодот октомври-декември 2019, повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје, додека за перидотот јануари-март 2020, повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тримесечје.

Отсега МојДДВ ќе придонесе и за ревитализирање на домашната економија. Граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи, наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите производи, повратот ќе изнесува 10%. Концептот парите назад кај граѓаните и натаму останува еден од главните приоритети на СДСМ што ќе го продолжи и по победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Треба да знаете
Последни објави