Одбраната на Катица: Со вакви пресуди не се враќа довербата во правосудството. Нема ниту еден доказ за вината на Јанева

Со вакви пресуди не се враќа довербата во правосудството. Судот треба да суди на основа за докази, а за Јанева не постојат докази дека го сторила кривичното дело – изјави адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска по изрекувањето на пресудата за Рекет.

-Ќе поднесеме жалба. Се надеваме дека повисоките судови ќе имаат поголем сенс за правда и за одлуки донесени на оснива на докази.Ќе се бориме до крај пред пред домашните и меѓународните судови – изјави Фрчкоска.

Адвокатот Дељо Кадиев рече дека му е драго што јавноста била присутна преку новинарите.

-Пресудата се носи во име на граѓаните. Граѓаните преку новинарите стекнаа свое убедување и ние имавме можност и вон судницата да видиме какво е чувството на граѓаните. Стоиме на тоа дека не постои ниту еден доказ за вината на Јанева – изјави Кадиев.

Треба да знаете
Последни објави