Џејмс Камерон почна да го снима новото продолжение на „Аватар“ во Нов Зеланд, откако режисерот и екипажот го завршија 14-дневниот карантин.
Славниот режисер заедно со својот тим мораа да поминат 14 дена во карантин откако пристигнаа во Нов Зеланд.
Во понеделникот, Камерон повторно седна на режисерското столче за многу очекуваното продолжение на револуционерниот тридимензионален научнофантастичен блокбастер од 2009 година.
Продуцентот Џон Ландау, кој допатува во Велингтон со режисерот, сподели фотографија од снимањето, покажувајќи го Камерон зад камера за прв пат откако Нов Зеланд спроведе строги мерки за превенција на ширење на коронавирусот.
„Го користев мојот ајфон за да споделам дел од првиот кадар откако продолживме со снимање на Аватар 2 “, напиша Ландау на својот Инстаграм.