Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандез, кој неодамна објави дека е заразен со вирусот Ковид-19, е хоспитализиран поради пневмонија.
Портпаролот на Хернандез изјави дека претседателот се чувствува добро и дека е примен во болница бидејќи прима интравенска терапија.
Хернандез пред два дена објави дека за време на викендот не се чувствувал добро, поради што се тестирал, а резултатите се позитивни. Тогаш најави и дека ќе работи од дома.
Меѓутоа, синоќа е хоспитализиран затоа што лекарите процениле дека е подобро да биде во болница.
Од Ковид-19 е заразена и неговата сопруга, која има асимптоматски облик на болеста.
Како што пренесуваат странските агенции, Хернандес ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.