СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“.
На 29.04.2020 на ул.„Полог’’ во Тетово, во локал сопственост на оштетениот П.Б.(34) од Тетово, забележал дека имало велосипед, по што со подесен предмет ја отворил влезната изложна врата од локалот и одзел велосипед, по што го напуштил местото на настанот. Причинета била материјална штета во износ од околу 120.000 денари. По преземени мерки од полициски службеници пронајден бил велосипедот и вратен на оштетениот.