На 17.06.2020 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 16.20 часот во фабрика во Пробиштип Г.Д. и В.К. при работа се здобиле со повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип, а по укажаната помош биле препратени во Клиничката болница Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Пробиштип.