Татко и маќеа од Колорадо, САД се уапсени за убиство на нивниот 11-годишен син. Рајан и Тара Сабин, го приморале синот Закари да испие речиси 3 литри вода за само 4 часа, поради што момчето на крајот починало.
Пронајден е во семејната куќа со мокра пелена и модрици по телото.
Родителите ѝ се предале на полицијата и ќе им се суди за убиство. Во извештајот се наведува дека момчето било и физички злоставувано. Маќеата изјавила дека момчето пиело толку вода бидејќи урината му била темна и не мирисала најдобро, а пелените ги носело поради здравствени проблеми.