Боки: Донесовте политичка пресуда, парите треба да ги барате кај Заеви

Политичка пресуда донесовте, судијке, парите треба да ги барате кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13 по објавата на пресудата, но судијката нареди да го отстранат од судницата зашто не се изјаснува по барањето да му се продолжи притворот. Сепак, тој не беше отстране откако рече дека ќе се изјасни за притворот.

-Едвај го чекам 1 јули и „Рекет 2“ „ да ги пријавам сите вистински чинители на кривичните дела. Знам дека ќе ми го продолжите притворот, рече Боки.

Претходно обвинителката Вилма Русковска побара на Боки да му биде продолжен притворот, а на Јанева куќниот да биде заменет со активен притвор.

Судот одлучи да му биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата, а го одби барањето да се промени притворот за Јанева, па таа останува во домашен притвор.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави