Во Скопје активни 1.507 случаи на Kовид 19, и натаму најмногу во Чаир

Од новите 182 потврдени случаи на Kовид-19 во земјата, 107 се од Скопје, покажуваат најновите податоци од Министерството за здравство. Според нив, најмногу заразени има во Чаир -336, што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба- 128, Аеродром- 125, Центар- 121, Бутел- 118, Сарај- 105, Карпош- 103 итн.

По Скопје најмногу активни случаи на Ковид 19 има во Тетово- 297, Куманово-219, Штип-205, Охрид 71 итн.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.

Треба да знаете
Последни објави