На почетокот на владината седница премиерот Андреј Пленковиќ коментираше за зголемениот број новозаразени со коронавирус во Хрватска.
„Имавме тринеделно затишје, додека последниве денови бележиме пораст. Имаме регистрирано над 20 случаи. Веруваме дека со доаѓањето на убавото време ова е разбирливо и дека нашите сограѓани се опуштија. Пандемијата не стивнува, вчера имаше 120.000 нови случаи во светот, што е повеќе отколку во април“, рече премиерот.
„Бројот на нови пациенти се зголемува во нашето соседство, во БиХ, Македонија и Србија. Сето тоа се причини за зголемена претпазливост. Факт е дека нашите сограѓани се вратија од Србија и БиХ. Затоа, апелирам до моите сограѓани да бидат внимателни”, рече Пленковиќ.
Тој најави дека следната недела ќе има тематска седница на владата за тоа што треба да направиме за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Државниот секретар Томислав Дулибиќ изјави дека досега во Хрватска се регистрирани 2.226 случаи на коронавирус, а во последните 24 часа биле позитивни 11 лица.