Пекинг го стави под контрола новото жариште на коронавирус, изјави денеска главниот епидемиолог на Кинескиот центар за превенција и контрола на болести Ву Зуњу, иако главниот град и понатаму може да очекува нови случаи.
Во Пекинг се регистрирани 158 случаи откако е потврден првиот на 11 јуни во рамки на новото жарише кое е поврзано со пазарот Ксинфади.
Иако има помал врој случаи во однос на другите земји, кинеските власти дејствуваа брзо со цел да се намали опасноста од ширење на заразата во Пекинг.
– Епидемијата во Пекинг е ставена под контрола. Кога велам под контрола, тоа не знали дека бројот на случаи утре или задутре ќе биде нула, истакна Ву.