Анархистите, демонстрантите и активистите излегоа на улиците на Портланд, овојпат воспоставувајќи автономна зона пред домот на градоначалникот откако нивните барања не беа исполнети на состанокот на Градското собрание, пренесува РТ.
Another street barricaded. That makes 2 pic.twitter.com/lw8yZwRGWh
— Sergio Olmos (@MrOlmos) June 18, 2020
Градскиот совет на Портланд гласаше за намалување на 15 милиони долари од буџетот на Полициското биро на Портланд, елиминирајќи околу 107 работни места со полно работно време иако претежно преку слободни работни места и пензионирање, пренесуваат локалните медиуми.
2nd Porta-Potty. Someone could be heard saying: "let my people pee" #PortlandProtests #PDXprotests #BlackLivesMatter #POP pic.twitter.com/KtlDO0wWfZ
— Justin Yau (@PDocumentarians) June 18, 2020
Сепак демонстрантите, кои се собраа во градот 20-та последователна вечер во знак на солидарност со „Блек лајвс медр“ и повикувајќи на расната правда и полициската реформа, не се согласуваат со кратењето на буџетот. Како одговор, тие формираа барем една нова област на самоуправа во градот – автономна зона Глисан- пред домот на градоначалникот на Портланд, Тед Вилер.
Издвоена група од околу стотина луѓе се собраа пред резиденцијата на Вилер, светејќи со ласери и трепкачки светла низ прозорците и кренаа барикади од котејнери низ градските улици.
Акцијата во средата е втор пат демонстрантите да се обидат да формираат автономна зона во градот по неуспешниот обид минатата недела. Во текот на 20-та ноќ на протести имаше спорадично насилство, а во раните утрински часови автомобил влета во група што маршираше во центарот на градот.
This motherfucker just plowed through peaceful protestors, TWICE#portlandprotest pic.twitter.com/RRvNgTEjZ3
— Kevin Parks (@kevin_parks) June 17, 2020
Три лица се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот откако 27-годишниот Ентони Иглхорс-Ласандро влетал во група демонстранти пред да избега во погрешна насока по неколку еднонасочни улици.
Тимот за воздушна поддршка на полицијата на Портланд конечно го пронашол, а тој бил уапсен и обвинет за кривично дело судир и бегање од незгода, несовесно возење и поседување контролирана супстанција.