Елмас: Прв трофеј во мојата кариера освоен со специјален тим

Наполи го осови фудбалскиот Куп на Италија откако во финалето го совлада Јувентус со подобро изведување на пенали (4:2) откако во регуларниот дел средбата заврши без голови (0:0). По овој триумф задоволен беше првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис, кој не штедеше пофални зборови за тренерот Џенаро Гатузо.

-Висевме во воздухот. Меѓутоа од моментот кога дојде во клубот Гатузо работите се сменија.
Сите се собравме околу него, околу клубот, околу идејата на Наполи. Искрено, Наполи
беше единствениот тим што можеше да му конкурира на Јуве за оваа титула. Ги победивме
во Купот во 2012 година, во Суперкупот, засега немаме победа над нив само во борбата
за титулата во Серија А, изјави Де Лаурентис.

Наполи тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас синоќа го освои првиот трофеј во Купот по пауза од шест години. Прв трофеј во тренерската кариера беше и за Гатузо и за македонскиот интеранционалец Елмас кој доби шанса да заигра во финишот од мечот. По победничкиот пенал-рулет во Рим, македонскиот интеранционалец  се огласи на социјалните мрежи.

-Прв трофеј во мојата кариера, и тоа освоен со специјален тим. Магична ноќ со надеж дека ќе биде првиот од долга серија трофеи!“ – напиша Елмас.

Треба да знаете
Последни објави