Словенечката Влада ги заостри условите за влез на патниците од „трети” држави надвор од ЕУ, така што од полноќ нема да може да се влезе од БиХ, Србија и Косово без задолжителен 14-дневен карантин или негативен тест Ковид-19.
Тие држави, каде е забележано поголемо дневно зголемување на пациенти со коронавирус, се ставени на т.н. „црвена листа” на епидемиолошки несигурни држави каде веќе е и Северна Македонија.
Бугарија, која досега беше на „зелениот список”, е испратена на понизок „жолт список”, во кој се вклучени и неколку други земји на ЕУ со полоша епидемиолошка состојба, одлучи владата.
Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс рече дека тоа е сторено поради ризик од внесување на коронавирусот во Словенија и опасност од евентуален втор бран на епидемијата.