Би било добро никој кој нема посебна потреба да не патува во Србија и Босна и Херцеговина. Така директорката на хрватската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ”, Алемка Маркотиќ, ја коментираше моменталната епидемиолошка состојба во Хрватска, каде се појавија нови случаи на заболени од коронавирусот.
Таа во изјава за ТВ Н1 нагласи дека повеќето од новозаразените биле луѓе кои биле во БиХ и во Србија, како и еден кој бил во Словенија.
На таа клиника моментално има четири пациенти, една брачна двојка и уште двајца пациенти, со благи до умерени симптоми.
– Ако епидемиолошката состојба се влоши и ако не се придржуваме до едноставни мерки, постепено ќе мора да ги заостриме мерките. Се надевам дека не ја заборавивме лекцијата. Сите сакаме туризам, ако постапиме одговорно, ќе го имаме. Странците ја сметаат Хрватска за безбедна, но се малку загрижени за однесувањето на некои луѓе кои премногу се опуштија, рече Маркотиќ.