Со вакви пресуди не се враќа довербата во правосудството. Судот треба да суди на основа за докази, а за Јанева не постојат докази дека го сторила кривичното дело – изјави адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска по изрекувањето на пресудата за Рекет.
-Ќе поднесеме жалба. Се надеваме дека повисоките судови ќе имаат поголем сенс за правда и за одлуки донесени на оснива на докази.Ќе се бориме до крај пред пред домашните и меѓународните судови – изјави Фрчкоска.
Адвокатот Дељо Кадиев рече дека му е драго што јавноста била присутна преку новинарите.
-Пресудата се носи во име на граѓаните. Граѓаните преку новинарите стекнаа свое убедување и ние имавме можност и вон судницата да видиме какво е чувството на граѓаните. Стоиме на тоа дека не постои ниту еден доказ за вината на Јанева – изјави Кадиев.