Најмалку четворица пакистански цивили се убиени кога индиските погранични сили се насочија кон села во долината на Кашмир, неколку дена по смртоносните судири меѓу индиските и кинеските трупи во истиот регион, јави ДПА.
Индиските трупи стрелале во армиски пунктови и цивили во селата со тешко оружје во текот на ноќта, се наведува во денешното соопштението на пакистанската војска.
Инцидентот се случи преку Линијата за контрола (ЛоЦ), де факто граница што го дели Кашмир на два дела управувани од Пакистан и Индија.