Српски свештеник протеран од Црна Гора

Свештеникот на СПЦ, Саша Јањиќ, кој е српски државјанин, бил протеран од Црна Гора. Тој мора да ја напушти земјата во рок од седум дена до завршување на второстепената судска постапка, која е поведена против него.

„Според одлуката за забрана за престој во Црна Гора, Јањиќ мора да ја напушти земјата до 26 јуни“, изјави неговиот адвокат Јосиф Миќковиќ.

Тој претпоставува дека причината за протерувањето на Јањиќ е тоа што тој нема дозвола за работа и затоа не постои услов тој да остане на територијата на Црна Гора.

Јањиќ стравува дека и на другите свештеници во Плевља ќе им бидат дадени решенија со слична содржина.

Голем број верници се собраа пред зградата на граничната полиција да го дочекаат исходот од разговорот. Кога Миќковиќ и Јањиќ си заминале, верниците се разотишле.

Треба да знаете
Последни објави