Уапсени поранешниот јапонски министер за правда и неговата сопруга под сомнение за купување гласови

Поранешниот јапонски министер за правда Катсуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Ани Каваи, се уапсени денеска под сомнение дека купувале изборни гласови.

Тие се осомничени дека за време на изборите за Голниот дом на јапонскиот Парламент во 2019 година на гласачите им понудиле милиони јени за да гласаат за Ана Каваи, која потоа и го освоила местото во  законодавниот дом, пренесуваат британските медиуми.

Каваи, кој инаку е близок пријател на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, во октомври минатата година поднесе оставка од министерската функција, откако се појавија гласините за изборни нерегуларности.

Токио, 18 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот јапонски министер за правда Катсуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Ани Каваи, се уапсени денеска под сомнение дека купувале изборни гласови.

Тие се осомничени дека за време на изборите за Голниот дом на јапонскиот Парламент во 2019 година на гласачите им понудиле милиони јени за да гласаат за Ана Каваи, која потоа и го освоила местото во  законодавниот дом, пренесуваат британските медиуми.

Каваи, кој инаку е близок пријател на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, во октомври минатата година поднесе оставка од министерската функција, откако се појавија гласините за изборни нерегуларности.

Треба да знаете
Последни објави