УЕФА ги повикува федерациите да го продолжат преодниот рок до 5 октомври

Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација денес ги повика националните федерации да го одложат крајот на летниот преоден рок до 5 октомври 2020 година.

– Крајниот рок за поднесување апликации за групните фази на турнирите во Европскиот куп-2020/21 е одреден за 6 октомври 2020 година.

Во согласност со ова, Извршниот комитет на УЕФА ги повика сите европски федерации да го одложат крајот на летниот преоден рок  до 5 октомври 2020 година, стои во апелот на официјалната веб-страница на организацијата.

Треба да знаете
Последни објави