Шекеринска учестува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска учествува на состанокот на министри за одбрана на НАТО, кој заради глобалната пандемија, по втор пат се одржува преку заштитена видео-конференциска врска.

По дводневиот состанок за Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, Шекеринска во 16:30 часот ќе даде изјава пред Министерството за одбрана.

Министрите за одбрана на НАТО одржаа видео конференција на која донесоа одлуки за зајакнување на одбраната и одговорот на Алијансата.

Како одговор на растечкиот арсенал на нуклеарни ракети на Русија, сојузниците се согласија за избалансиран пакет на политички и воени мерки, вклучително и засилување на воздушната и ракетна одбрана, напредните конвенционални можности, разузнавањето и воените вежби. Тие исто така се договорија и за чекорите што треба да се преземат со цел нуклеарниот одговор на НАТО да се одржи безбеден и ефикасен.

– Ќе го одржиме нашиот одговор и одбрана, но нема да ја копираме Русија. Немаме намера да распоредиме нови копнени нуклеарни проектили во Европа, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Треба да знаете
Последни објави