Моторџијата изрешетан во Чаир го спасил панцир, ама доби кривична за пиштолот што го криел во сандаче на ЕВН

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против К.Т.(24), кој беше ранет во нога откако во него беа испукани повеќе куршуми додека се возел на мотор, пред 17 дена во Чаир. Тој е осомничен за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 2 јуни, пред зграда на улица Струмичка, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм. Истиот ден околу 5.40часот тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Осомничениот возвратил со 6 куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да се обиде да ги скорие трагите или да го повтори кривичното дело.​

Треба да знаете
Последни објави