Кога се работи за семејни слави во домашни објекти, МВР не може да биде информирано и да влезе без налог од Основното јавно обвинителство. ОЈО во одредени случаи ни дава такви налози, а во други не ни ги издава, рече министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави „САКАМДАКАЖАМ“.мк.
-Во ситуација кога не може да се дејствува веднаш вршиме препознавање на лицата и потоа се повикуваат во полициска станица и им се поднесува соодветен поднесок до Јавното обвинителство. Неопходно е граѓаните сами да бидат свесни и да носат заштита опрема зашто со доаѓањето на изборите претпоставувам дека сите тие мерки уште повеќе ќе бидат олабавени, најверојатно ќе се отворат границите од следната недела и граѓаните сами треба да бидат свесни за ризикот од заразата, рече Чулев.
Додаде дека се вклучени во спровод на лица од гранични премини, на контрола на мерки за изолација и самоизолација, ограничување на движењето во карантин, контроли по угостителски објекти.