ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена информираност на јавноста за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за мај, 2020 година. Сите оперативни активности спроведени од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се со цел пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на град Скопје, одржување на водоснабдителниот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење. Прегледот на активностите, поделени по сектори, е прикажан на инфографикот.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/. Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и IOS.