Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, нема да присуствува на парадата во Москва следната недела по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, објави владин претставник.
Јапонија ја извести Русија дека Абе нема да патува на парадата, која е одложена за 24 јуни, со цел да се фокусира на одговорот на епидемијата на коронавирус, рече Јидеки Ујама, заменик-генерален директор на Бирото за европски прашања при Министерството за надворешни работи.
Абе беше поканет на парадата, која требаше да се одржи на 9 мај, но беше одложена поради пандемијата.
Јапонскиот министер за надворешни работи, Тошимитсу Мотеги, изјави дека премиерот може да биде заменет од нивниот амбасадор во Москва, Тојохиса Козуки, ако биде поканет.