(Видео) Бриселската полиција излезе на протест против „стигмата“ кон нивната служба

Полицајците од Брисел кои се поврзани со полициското обединувачко движење излега на улица во знак на протест против „стигмата“ поврзана со нивната служба која се засили по убиството на Џорџ Флојд во САД, пренесува „Спутник“.

Протестите доаѓаат во пресрет на масовните демонстрации против полициската бруталност низ целиот свет, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Флојд кој почина при апсење во Минеаполис кон крајот на мај, од рацете на бел полицаец.

Смртта на Флојд предизвика светско движење против полициската бруталност и социјалната неправда, но многу од протестите се претворија во немири проследени со насилство врз полицијата и цивилите, како и со акти на вандализам, подметнување пожари и грабежи.

Треба да знаете
Последни објави