(Видео) Полициски рации во Дижон по уличните престрелки меѓу чеченски и банди од Магреб

Француската полиција спроведува операција во градот Дижон кој преживеа неколку ноќи на насилство во судирите меѓу бандите изминатата недела, пренесува РТ.

Локалната полиција утрово ја објави операцијата во населбите Гресил и Ченов, споделувајќи фотографии на полицајците во акција.

Според локалните медиуми, околу 150 полицајци биле распоредени за да пребаруваат во подрачјето со складирано оружје што би можело да се користи во судирите на бандите.

Источниот француски град имаше неколку турбулентни ноќи од минатиот петок кога се судрија етничките банди. Насилството, наводно, било предизвикано од смртта на чеченски тинејџер за што неговите пријатели ја обвинувале бандата од Магреб и очигледно се обиделе да се одмаздат за инцидентот.

https://twitter.com/asabove_asbelow/status/1272338829878403074

Во престрелките учествувале десетици луѓе и имало неколку навистина интензивни моменти, меѓу кои и оној во кој забрзан автомобил бил снимен како се превртувал откако се обидел да удри во групата вооружени Чеченци.

Шест лица се уапсени во немирите, при што четворица се задржани во притвор за понатамошно гонење.

Треба да знаете
Последни објави