(Видео) Тешка сообраќајка во Русија – камион се заби во колона возила, има и жртви

Две лица загинаа, а седум се тешко повредени откако камион налета на пет други возила во Русија. Инцидентот се случил на автотпатот М-5 Урал во регионот Челабинск.

Снимките од надѕорните камери прикажуваат како камионот се забива во група возила.

Некои од нив се целосно уништени во моментот на налетот. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над камионот поради дефект на сопирачките.

Локалниот обвинител нареди истрага, а несреќата ја истражува министерството за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави