ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го заштити криминалот, сега се во паника бидејќи ќе одговараат за сите злоупотреби

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во паника, затоа што им е јасно дека правда и одговорност ќе има за секој којшто го прекршил законот.  И покрај сите опструкции и блокади, не успеаја обидите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат криминалот, правниот систем функционира, одговорност ќе има.
Потврда за тоа добивме и од Стејт департментот на САД, од каде оценија дека во Северна Македонија нема толеранција за корупцијата, а злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде соодветно казнета.Оттука е стравот на ВМРО-ДПМНЕ. Пола раководсто на партијата, заедно со бегалецот Никола Груевски ќе одговараат за сите злодела што ги направија.
Заврши времето на селективна правда, заврши времето на политички монтирани судски процеси.
Следува целосна разрешница на сите случаи на СЈО, над триесет во коишто се вклучени и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста виде со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, „шурувал”.  Зоран Милески – Кичеец  му бил десна рака на Мицкоски, но и на Александар Николовски. Јасна е нивната поврзаност со случајот „Рекет”.  Правдата ќе ги стигне и тоа многу скоро.
Треба да знаете
Последни објави