Кисела Вода објави повик за поднесување на понуди за реконструкција на улица во Усје

Општина Кисела Вода објави Повик за поднесување на понуди за реконструкција (рехабилитација) на коловозната конструкција на ул.„1 и фаза 2″,  во село Усје.

За таа цел, Општина Кисела Вода ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да достават запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција на ул.„1 и фаза 2″. Комплетната тендерска документација на македонски јазик понудувачите, по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 денари, може да ја купат по поднесување на писмена апликација во Општина Кисела Вода, на ул. „Петар Делјан” бр.17 или на e-mail:javninabavki@kiselavoda.gov.mk. Методот на плаќање е преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 780014111463014

Приходно конто: 725939 00

Понудите мора да се доставуваат на ул. „Петар Делјан” бр.17, 1000 Скопје, до 20.07.2020 година до 10:00 часот. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично во просториите на Општина Кисела Вода. Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 550,000.00 денари.

Заинтересираните подобни понудувачи, секој работен ден, во временскиот период од 08:00 до 16:00 часот може да добијат дополнителни информации на: електронска адреса javninabavki@kiselavoda.gov.mk ,   телефон 0389/022785-417, факс 0389/022785-417, и директно во просториите на Општина Кисела Вода.

Имено, Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за реконструкција (рехабилитација) на коловозната конструкција на ул.„1 и фаза 2″.

Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

Повикот за понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.

Линк од повикот:

https://www.kiselavoda.gov.mk/content-

Треба да знаете
Последни објави