Лукаревска: Имаме добра наплата на даноци, економските мерки даваат ефект

„Сведоци сме дека здравствената криза навлезе во економијата. Имавме три сета на мерки со цел да им се помогне на компаниите, на самостојните извршители на дејност и на сите други за да се намали штетата. Можам да кажам дека можеше да се случи и полошо во делот на собирањето на приходите и полнењето на буџетот. Ако направиме споредба со ланскиот период, имаме пораст кај наплата на даноците од 35 отсто, имаме мал пад на данокот на добивка, но тоа е така зошто некои компании однапред го платија.“- изјави Сања Лукаревска од СДСМ, инаку директорка на УЈП, во вестите на Канал 5.

Според неа трите пакети економски мерки се добра можност за пораст на економијата.

„Продолжува акцијата Мој ДДВ, и се повеќе граѓани скенираат фискални сметки. Донесовме и платежни картички за поттик на домашното производство и туризмот. Сето тоа се сегменти кои и помагаат на економијата. Дури и предничиме во мерките во однос на другите држави. Се на се, ефектот од мерките е позитивен.“- дополни Лукаревска.

Треба да знаете
Последни објави