Милан ја спасува кариерата на лошото момче Јовиќ

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан ќе се обиде да ја спаси кариерата на српскиот интеранционалец од редовите на шпанскиот Реал Мадрид,  Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач беше доведен со големи очекувања во Реал Мадрид на почетокот од сезоната, но не успеа да ги оправда платените скоро 60 милиони евра за него.

Јовиќ не успеа да ја искористи својата шанса на „Бернабеу”, па може да си ја проба среќата на друго место. Така, Милан стигнува до младиот Србин. Според „Ел Мундо Депортиво”, „росонерите” се подготвени да го позајмат Јовиќ за две сезони.

И самиот Јовиќ сака да се пресели во Милано и повторно да се соедини со Анте Ребиќ, со кого оформи силен напад во Ајнтрахт Франкфурт. Во сезоната 2018-2019, Србинот постигна 27 гола за германскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави