Градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците на Општина Центар во текот на вчерашниот ден ја одржаа 48-та седница на Советот. Со 12 точки на Дневниот ред за работа на Советот, градоначалникот на Општина Центар достави Предлог-одлука за прераспределба на средствата од Буџетот на Општина Центар за 2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот на буџетите за време на вонредна состојба, каде истата беше донесена и изгласана од страна на Советот.
Покрај останатите редовни точки од дневниот ред на 48-та седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ одговораше и на советнички прашања.
На поставените прашања од страна на советниците во однос на преземените мерки на општината за справување со кризата од КОВИВ-19, градоначалникот ги информираше советниците дека од самиот почеток на пандемија се спроведени повеќе големи акции за дезинфекција на јавните површини, отворените детски и спорстки игралишта, јавната урбана опрема и станбените згради. Дезинфекција на воспитно-образовните институции, полициските станици, скрининг тестирања за наставниот кадар, санизација на душеците во детските градинки и бесплатна заштина опрема за граѓаните и институците. Тој ги извести советниците дека Центар е првата општина која креираше онлајн упис за првачињата и протокол за безбеден прием во основните училишта, отворени телефонски линии за обезбедување помош на возрасните лица и хуманитарни акции со поделени 30 тони храна за најранливите категории.
Со донацијата на нови велосипеди и велосипедската опрема за ПС – Центар, градоначалникот најави дека ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината, како едно од поставените прашања од страна на советниците и дополни дека започната е исплатата за средствата субвенционирани од проектот „Цел Центар на точак 2020“со исполнета квота во однос на сите доставени барања.
Советницте беа заинтересирани за капитални проекти предвидени во годишната програма на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ најави дека на почетокот на месец јули, ќе се отпочне со долгоочекуваниот инфраструктурен проект на Општина Центар – реконструкција на улицата „Орце Николов“ која е една од најзначајните и најфрекфентни улици, но и белег на Дебар Маало и Центар. Реконструкцијата ќе се состои од: стеснување на коловозниот дел со задржување на двете ленти за возила, проширување на тротоарите согласно стандардите на урбано планирање, задржување на целиот постоен дрворед долж улицата, измена на режимот на сообраќај со воведување на т.н. каскадно паркирање со цел ослободување на тротоарите. Тој најави дека во пресрет на барањата на граѓаните и наскоро започнува реконструкцијата на улиците „Мирослав Крлежа“ и „Аминта Трети“, со што ќе обезбедиме побезбеден сообраќај и движење.
Останатите советнички прашања беа во насока за уредување и реставрација на излозите и рекламите во Стара скопска чаршија, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2020 година, каде градоначалникот најави дека активности се веќе започнати. Исто така, тој го најави скорешниот почеток на изградбата на новата градинка во населбата Пролет со 70% самоодржливост и енергетска ефикасност, изградбата на монтажен паркинг во Дебар маало, кое ќе обезбеди нови 300 паркинг места и чија реализација е планирана за последниот квартал од годината. Го посочи максималниот напор за зазеленување на Центар со нови зелени катчиња во повеќе маала низ општината и дека во новите урбанистички планови се става посебен акцент на зеленилото, нови дрвореди, нови мали паркови и заштитни зеленила.