Јовески нема да се сретне со Боки 13

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „А1он“ вели дека нема да се сретне со Бојан Јовановски- Боки 13, но и дека кривичните дела за кои вчера зборувал во Судот, имал безброј можности да ги пријави и досега.

-Тој мисли дека со мене може да постапува како со градоначалниците кои ги викаше на состаноци за да градат старечки домови, но тоа кај мене не поминува. Кривични дела не се пријавуваат кај Републичкиот јавен обвинител, туку во Обвинителството. Тој еднаш побара средба со јавен обвинител, јас испратив и беше посетен во притворот, со присуство и на неговиот бранител, со намера ако има докази и сака да пријави, да земе кривична пријава на записник. Ако Бојан Јовановски немал доверба во обвинителот кој ја водел истрагата, судењата беа јавни, тој можеше да изложи и какво дело и со кои докази располага, доколку има закани да каже кои се закани и од кого се тие закани. Но, Јовановски никогаш не презентираше сериозни докази или наводи. Мислам дека се уште го држи тоа, дека може со сите да постапува како што правеше со градоначалниците и новинарите кои ги собираше. Тој си прави забави и сака и мене да ме вовлече во нив. Правото е сериозна работа, вели Јовески за „А1он“.

Според него, тврдењето на Јовановски дека „парите земени од Рекет завршиле кај Заеви е противречно.

-Ако ја анализиравте одбраната, како што знам јас преку вас медиумите, беше дека нема пари во торбата. Сега по објавувањето на пресудата вели прашајте ги Заев и брат му кај се парите. Противречно е. Тој е во елемент да прави шоу и забава, а кривичното право е сериозна работа,
смета Јовески.

Треба да знаете
Последни објави