Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Вејсели изјави дека „Косово нема да биде во војна со Србија додека не биде загрозена косовската територија“, но дека доколу биде потребно подготвен е повторно да се активира. Партија на Вејсели на политичката сцена се појави од Ослободителната војска на Косово.
-Повеќе сум за дијалог со Србија. Остарев, но ако сè се сведува на тоа, верувам дека би се борел како млад човек, како што бев против Србија, изјавил Вејсели пред приштинските медиуми, а пренесува РТС.
Претседателот на ДПК е против размената на територии со Србија, бидејќи според него Косово ќе изгуби многу.
Вејсели смета дека косовските влади паднале поради неодговрниот однос кон граѓаните. Тој смета дека тие влади, поради неодговорноста ги оставиле граѓаните без визи, споменувајќи ја демаркацијата и данокот на српските производи.
За Албин Курти како Премиер смета дека му нанел голема штета на Косово во многу краток период на владеење.