Во последните 24 часа се евидентирани единаесет нови случаи на коронавирус во Хрватска.
Досега се регистрирани вкупно 2.280 позитивни лица на вирусот Ковид-19. Новозаразените лица се од Загреб и околината и Сплитско-далматинската Жупанија.
Досега закрепнале 2.142 лица, а 107 лица починале. Нема пациенти на респиратор, а осум лица се лекуваат во болница.
Досега се тестирани вкупно 71.814 лица, а 820 во последните 24 часа.