Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го коментираше потегот на поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која како реакција на изјавата на конзервативниот политичар Мирослав Шкоро, дека силуваните жени за абортусот треба да се консултираат со семејството, објави фотографија со среден прст. Таа порачала дека поминало времето кога жената чекала што ќе каже нејзиниот мачо маж.
„ Добро знаете какви се моите ставови, кампањата е во тек и јас не можам да зборувам, бидејќи секогаш на некого му ги дигнувам или спуштам акциите. Ги знаете моите ставови за тие прашања, правото на избори е комплексно, жената е таа која се прашува. Ги почитувам козервативните ставови, но не се согласувам со нив“ рекол Милановиќ.
Тој нагласил дека со неговите коментари не сака на никого да даде поддршка.
Откако ќе заврши оваа кампања, повторно ќе зборуваме за тоа. Ова е период кога морам да бидам воздржан, по изборите одат консултации, ќе очекувате да бидам неутрален, а јас на овој начин се чувам за тоа“ додал Милановиќ.
На прашањето што мисли за фактот дека токму средниот прст станал симбол на реакција, Милановиќ рекол: „ Средниот прст не ми значи ништо, може да биде и духовит и вулгарен“.