Трамп ќе ја објави листата на конзервативни кандидати за Врховниот суд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да објави нов список на конзервативни кандидати за Врховниот суд на САД, откако овој висок суд му предизвика големи проблеми во неговата строга имиграциска политика.

Трамп рече дека списокот ќе го објави до 1 септември.

„Врз основа на донесените одлуки, овој список е поважен од кога било досега”, напиша републиканскиот претседател на својот профил на Твитер.

.Вчера, Врховниот суд ги отфрли обидите на Трамп да ја укине правната заштита за околу 650.000 млади имигранти во САД.

Судот не ги прифати аргументите на администрацијата дека програмата за имиграција ДАЦА, која постои осум години, е нелегална, па судовите не можат да разгледаат одлуки за запирање на таа програма.

Главниот судија Џон Робертс рече дека администрацијата не се обидела правилно да ја запре програмата.

ДАЦА е програма создадена во 2012 година, кога на власт беше демократскиот претседател Барак Обама.

Треба да знаете
Последни објави