Синоќа во 22.50 часот, во угостителски објект во селото Брвеница, тетовско, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од селото Голема Речица.
Имено, како што информираат од МВР, при спроведена акциска контрола, било констатирано Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект не ги почитувал протоколите за работа на објектите, а Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож.
По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.