На 19.06.2020 во 19,50 часот кај место викано „Дупки“ на Граничен премин „Долно Блаце“ полициски службеници го привеле С.К.(19) од Р.Косово бидејќи илегално ја преминувал државната граница. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Скопје за понатамошна постапка.