Бабиш ја обвини ЕУ за мешање во внатрешните работи на Чешка

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент, во која се бара спречување на судир на интереси при користењето европски фондови и побара тој да не учествува во преговорите за буџетот на ЕУ.

Милијардерот Бабиш го обвини ЕП за мешање во внатрешните работи на Чешката Република, откако Еевропарламентот повика на воведување на механизми за спречување судир на интереси во таа земја

Бабиш тврди дека, меѓу другото, станува збор за политички притисок врз независна истрага.

Европската комисија во моментов спроведува две одделни постапки, обвинувајќи го Бабиш за судир на интереси.

Се сомнева дека Бабиш, кој негира дека сторил казнено дело, користел пари од ЕУ наменети за мали и средни претпријатија со тоа што пред четири години го разделил својот хотел и земјоделскиот комплекс „Родино Гнездо”, во близина на Прага, од неговата компанија „Агроферт 2007″. пред влегување во политика.

Европската комисија моментно испитува во две одделни постапки дали европските фондови биле неправилно распределени на поранешните компании на Бабиш.

Треба да знаете
Последни објави