Бегајќи од полициска патрола удриле во бетонски столб и побегнале од возилото во кое е најден пиштол

Во СВР Скопје синоќа, во 23.00 часот, било пријавено дека на ул.”Боца Иванова” во Скопје полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да запрат патничко моторно возило “Шкода”, но возилото не застанало на даден знак и го напуштило местото на настанот. По ова на ул. “Македонско-Косовска Бригада 10” истото возило удрило во бетонски столб и од возилото излегле две лица кои го напуштиле местото на настанот.

Од полициски службеници на местото на настанот биле пронајдени, пиштол “берета” 7.65мм, светла за сигнализација (флешери), одјавени скопски регистарски ознаки и туба за точење на бензин. Возилото е подигнато од местотот на настанот за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави